Вториот натпревар од второто коло во групата “Ц”, дуелот помеѓу екипите на Јапонија и Грција заврши и без победник и без погодоци. Нерешениот резултат не им одговараше на двете репрезентации, но поблиску до трите бода беа репорезентативците на Јапонија кои имаа играч повеќе од 37 минута, втор жолт картон заработи искусниот играч за врска, Константинос Кацуранис, но таквата бројчана предност не беше искористена од избраниците на Алберто Ѕакерони.
Претставникот на Јапонија во последното коло од групната фаза има обврска да слави во дуелот против репрезентацијата на Колумбија, а Грција мора да забележи позитивен резултат во дуелот против директниот ривал за втората позиција, селекцијата на Брегот на Слоновата Коска.
„Бевме свесни, заневме дека немаме друга опција на располагање, знаевме дека мораме да ја победиме репрезентацијата на Грција. Многу сме разочарани, многу ми е жал што не успеавме во намерата да постигнеме најмаку еден погодок. На крајот, сите го гледаат конечниот резултат, ретко кој ќе ја коментира нашата офанзивна игра, неискористените шанси. Грција играше на резултат, се задоволија со еден освоен бод. Играа на таа карта, да освојат бод и да слават во последниот натпревар. Ние нема да се предадеме без борба, ќе дадеме се од себе во дуелот против Колумбија”, изјави искусниот играч за врска, Кеисуке Хонда.