Заев инсистира на избори без контрола за да ги фалсификува, туркајќи ја земјата во нова политичка криза

Владејачката СДСМ водена на желбата по секоја цена да остане на власт е одлучена да веќе утре да започне со изборната кампања, иако изборите не се официјално закажни, не се донесени никакви протоколи за заштита на гласачите а непознато и колку луѓе ќе прифатат во вакви епидемиолошки услови да се изложат на ризикот и да учествуваат во спроведувањето на регуларниот изборен процес.

Меѓутоа тоа на е причина којашто може да ги сопре Зоран Заев и Оливер Спасовски да инсистираат и натаму, и покрај предупредувањата од врвните епдиемиолози, изборите да се одржат веќе на 5-ти јули.

Во овие услови, кога не се донесени никакви протоколи за заштита на гласачите и за луѓето што ќе го спроведуваат изборниот процес, инсистирањето на Заев, во прв ред, укажува дека нему воопшто не му е предвид здравјето на граѓаните и во услови кога веќе две недели има постојани рекордни показатели на бројот на заболените и, за жал, на починатите. Ваквото настојување на раководството на СДСМ, само укажува дека тоа е подготвено на зголемување на здравствената криза.

Иако постојано сака да жонглира со резултати од некои нему познати анкети, на Заев му е повеќе од јасно дека и начинот на кој тригодини владееше и особено катастрофалното и политички мотивираното менаџирање со здравствената криза придонеле за голем пад на неговиот рејтинг кај избирачите и многу веројатно губење на шансата повторно преку попустливост да дојде до можноста да составува влада. Поради тоа, Заев тврдоглаво не сака да постигне договор со опозицијата чијшто предлог се разликува за нецели две седмици.

Ваквата настојчивост на Заев е всушност играње на картата опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги бојкотира изборите и тој непречено да го запоседне мандатот. Но, се чини, дека на СДСМ и на Заев овојпат нема да им успее повторувањето на 1994-та, кога опозицијата ги бојкотираше изборите, а социјалдемкратите имаа четири непречени години во кои ја девастираа македонската економија.

Тоа, во прв ред, имајќи ги предвид предупредувањата кои дојдоа од Брисел, од страна еврокомесарот Оливер Вархеји кој по телефонските разговори со двајцата лидери, Заев и Мицкоски, порача дека мора да биде земена предвид ситуацијата со коронавирусот, што значи дека не може да се одреди фиксен датум за нивно спроведување, туку датумот треба да се усогласи првенствено според епидемиолошките околности. Што значи дека Македонија треба да ја согледа реалната состојба, а тоа е драстично зголемен број на заразени и жртви, па изборите во нејзиниот случај не можат да бидат приоритет. Вархеји притоа ја потенцираше важноста од тоа изборите да бидат инклузивни, односно тоа да не бидат избори без учество на опозицијата.

И европарламентарката Марион Валсман, потпретседател на Комисијата за правни работи на Европскиот парламент и член на делегацијата на ЕП за Македонија, порача  дека политичките партиите во земјата треба да му испратат порака на единство и лидерство на народот и заедно да дејствуваат да се најде нов датум за одржување на изборите, бидејќи безбедноста на граѓаните е на првото место. Валсман во својот твит истакна дека во моментов станува збор за период на неизвесност, имајќи ги предвид податоците од последните десет дена кои покажуваат постојан раст на заболените и починатите во епидемијата на коронавурисот.

Вчера на опасноста од неучество на опозицијата на избрзаните избор, што би предизвикало покрај здравствена и политичка криза, предупреди и коалицискиот партнер на СДСМ во власта, вицепремиерот Бујар Османи, кој истакана дека „изборите имаат смисла само доколку граѓаните навистина имаат избор“ да ги изберат своите претставници во парламентот и оти „демократијата не препознава политички натпревар во кој се натпреварувате сами со себе“, алудирајќи на подготвеноста на Заев да оди на избори и без учество на опозицијата.

Покрај тоа, јасно е дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи се одлучат за бојкот, и онаката предвидливиот слаб одѕив на гласачите поради здравствената криза и стравот од зараза кај граѓаните, ќе резултира со катастрофален број излезени избирачи. За парламентарните избори нема цензус, но нискиот праг на излезност сигурно ќе ја проблематизира легитимноста на оние кои ќе се прогласат за победници, и не сомнено ќе води во продлабочување на политичката криза.

Втор услов без кој е невозможно да започне кампањата а потоа и да се оди на избори е набљудувачка мисија од ОБСЕ/ОДХР, без чиешто присуство незамисливо е да започне кампањата. Очигледно е дека Заев тоа го поскакува, избори без набљудувачи и контрола за да може намира да го спроведува поткупот на гласачи како што веќе според информациите во медиумите го започна. Во ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање се доследни дека првиот ден штом пристигнат набљудувачите на ОБСЕ и ОДИХР изборната кампања може да започне. Но, за таа да започне треба најпрвин да биде одреден денот на избори а тоа може да го стори единствено претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој вчера почитувајќи го Уставот рече дека ќе ја исполни својата обврска и ќе ги закаже изборите штом партиите се договорат за датумот.

На ист став е и претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Тој нагласи дека за да продолжи целиот изборен процес треба прво претседателот на Собранието, Талат Џафери, да донесе решение со нов датум за избори. Тој не гледа причина без да се добие такво решение причина за одржување седницана ДИК. Посочува дека земјата сега е во редовна состојба и важи Изборниот законик, а не некои уредби што ги донесе Владата за време на вонредната состојба.

Со бегањето од вистинско соочување со граѓаните под услови кои му гарантираат какво такво политичко опстојување, Заев исто така ризикува земјата да ја соочи и со продлабочена економска криза. Во услови кога поради пандемијата, како и секаде во светот, македонското стопанство е тешко погодени и секојдненов трпи огромни штети а илјадници луѓе остануваат или ќе останат без работа, провоцирањето на политичка криза јасно ќе се одрази и во продлабочувањето на економската, за којашто експертите и стопанствениците предвидуваат дека силно ќе се почуваствува веќе есенва.