Во светот заразени над осум милиони луѓе од Ковид 19

Во светот 8.007.804 луѓе се заразени со вирусот Ковид 19, покажуваат најновите податоци на веб-страницата на Ворлдметерс (Worldometers).

Од вирусот починале 435.855 лица, а излекувани се  4.134.874 лица.

Најголем број заразени и починати има во САД – 2.162.222 случаи се заразени, а 117.858 лица починале.

Втор е Бразил, каде се заразени 867.882 лица, а починале 43.389 лица.