![koronavirus makedonija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/koronavirus-makedonija.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Според неофицијалните податоци, во последното деноноќи во земјата се регистрирани 104 случаи на зараза со новиот коронавирус, од речиси половината се во Скопје.
Како што е најавено министерот за здравство Венко Филипче денескa во 15,30 часот, ќе одржи прес-конференција на која официнално ќе соопшти за најновата статистика за коронвирусот во земјата.
Во последните речиси две седмици бројката на новозаболени е постојано во пораст и на дневно ниво бројките се трицифрени. Во истиот период, исто така, забележан е и зголемен број на смртни исходи во споредба со претходните месеци. Сето тоа укажува на интезивирање на ширењето на заразата во земјата, чијашто влада и покрај тоа се подготува да спроведе избори.