-0.2 C
Skopje
вторник, ноември 26, 2024

Договорени изборите за 15-ти јули?

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ најверојатно се договориле. Лидерите Христијан Мицкоски и Зоран Заев си „подале рака“ за избори на 15 јули, објави ТВ21.

Двете страни долго време преговараа за избори, а откако заврши вонредната состојба, според закон и устав, требаше да се одржат на 5. јули, а имаше варијанта и 8. јули (среда).

Kако што објави ТВ21 најверојатно датумот на парламентарните избори ќе биде среда 15. јули.

ВМРО-ДПМНЕ истакнуваше дека избори треба да има по завршување на здравствената криза, додека СДСМ сакаше избори што поскоро за функционални институции.

„Доколку се исполнат нашите барања ние ќе одиме на избори на 15-ти јули“, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ најавија дека новиот предлог кој ќе го достават за избори е средината на месец јули.

Вечерва заседава и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега нема став од албанските партии, дали тие се согласуваат со 15-ти јули.