Милошоски: ВРМО-ДПМНЕ го очекува одговорот на Заев за избори на 15-ти јули

Доколку се исполнат условите за обезбедување набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР и воведување сериозни здравствени протоколи за изборната кампања и денот на гласање, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15-ти јули и ќе биде победничка партија, изјави поранешниот министер за надворешни работи и поранешне пратеник  на опозициската партија Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот одговарајќи на новинарски прашања.

Малку претходно телевизијата 21 повикувајќи се на свои партиски извори, извести дека неофицијално меѓу владејачката СДСМ и опозицисјата ВМРО-ДПМНЕ е постигнат договор одложените предвремени избори да се спроведат на 15-ти јули. Тоа значи делумно попуштање од страна на социјалдемократите и задоволување еде од условите кои ги постави опозицијата за учество на изборите.

Во тој контекст Милошоски го повтори ставот на партискиот лидер Христијан Мицкоски искажан во неделата, дека под споменатата два услова ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во изборниот процес.

„Оној ден кога ОБСЕ ќе стигне во Македонија со својата мисија, следниот ден може да ја почнеме изборната кампања, којашто трае три седмици, и ќе стигнеме така до самиот датум на изборите, кои не сакаме да се одржат без мисија на ОБСЕ затоа што би биле изборен грабеж и поткуп на фамилијата Заеви со пакетите што ги разнесуваат по сиромашните семејства. Затоа сакаме да имаме избори коишто ќе ги запазат здравствените протоколи и меѓународните стандарди на ОБСЕ и ОДИХР“, рече Милошоски.

Како што нагласи, одговорноста за прифаќањето или неприфаќањето на овие два сериозни стандарди од ВМРО-ДПМНЕ е кај Зоран Заев.

„Доколку Заев ги прифати овие два востановени стандарда и е рационален, реален, тогаш ќе одиме на избори и ќе го поразиме. Доколку не ги прифати или одбие, тогаш веројатно е дека се плаши од пораз на избори каде што би учествувала опозицијата, но и за секоја политичка или друга криза  што би била последица на таквото однесување ја презема целата одговорност“, порача Милошоски.

Додаде дека СДСМ прво траба  да ги испочитува членовите и надлежностите на Државната изборна комисија. Според него, ДИК најдобро знае во какви канцеларии, општински згради или помали месни заедници се гласа како гласачки места на коишто се гласало досега.

„За жал, во некои од тие места нема простор ниту за самите членови на избирачкиот одбор, а не пак за уште 15 набљудувачи на листите коишто се поднесени од разни политички партии“, рече пратставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа сметаме дека треба да се седне со ДИК и Комисијата за заразни болести, да не се политизира премногу, туку шефот на комисијата Караџовски да седне и да се запознае со условите на ДИК и да обезбеди услови за пристојно гласање со намален здравствен ризик за секого. Затоа цениме дека треба оваа работа да се сфати многу посериозно од една изјава на Филипче или Караџовски на прес-конференција“, додаде Милошоски.