Странските дипломати интензивно работат на владејачката СДСМ да го промени ставот со кој инсистира одложените предвремени паралментарни избори да се спроведат на 5-ти јули и да бидат прифатени предлозите како услов за учество на нив во неделата ги остакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, дознава порталот Лидер.
Високо позиционирани извори од дипломатскиот кор, за порталот брифирале дека неколку претставници на меѓународниот фактор последните два дена вршат интензивен притисок кон СДСМ и Зоран Заев да ги прифатат условите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски изборите да се одложат се до моментот кога во земјава ќе биде воспоставена мисијата на ОБСЕ и ОДИХР.
Дел од раководството на СДСМ ги прифаќа барањата на амбасадорите со кои практилно се бара датумот за избори да биде дефиниран за моментот кога ќе има подобрување на ситуацијата со корона вирусот и воспоставување на меѓународни набљудувачи. Сепак, лидерот на партијата Зоран Заев, соочен со уште едно погазување на својот збор, сака да се инаети, вели нашиот извор.
Сепак, како што дознава Лидер, кој истакнува дека е запознаен за кои дипломатите ставнува збор, на Заев му ги предочиле последиците со кои може да се соочи доколку не ги исполни барањата.