
Италија во понеделникот забележа уште 26 нови смртни случаи од инфекцијата со новиот коронавирис, што е најмалиот вакво показател уште од 2-ри март, објави Агенцијата за цивилна заштита.
Последен пат толку ниска броја на смртни исходи од Covdi-19 беше забележана на почетокот од март, кога починаа 18 луѓе. На 3-ти март беа регистрирани 27 смртни исходи, додека на 4-ти март имаше драстичен скок на 79 починати.
Бројот на новите случаи на зараза во понеделникот, исто така, се намалил споредено се претходниот ден, од 338 на 303 лица, од коио дури 259 случаи во регионот Ломбардија, жариштетот на заразата. Со тоа бројот на починатите од почетокот на епидемијата во Италија на 21-ви февруари сега се зголеми на 34.371 луѓе, со што земјата е четвртата во светот по САД, Бразил и Велика Британија.
Вкупниот број на случаи на заразата со коронавирусот, вклучително и оние кои оздравеле и почнале, изнесува 237.290 лица.
Бројот на оздравените од Covid-19 во Италија се зголемил последното деноноќие за 640 пациенти и достигна вкупно 177.010 луѓе.
Во моментов, според процените, во Италија има 25.909 активни случаи, што претставува намалување за 365 случаи претходниот ден. Во неделата овоаа бројка се намали за 1.211 лица. Само девет од 20-те региони во Италија не пријавиле случаи на нови инфекции., а уште четири региони забележале по еден случај на заразата.