Кандидатот за пратеник и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сарај, Мартин Стојановски, преку статус на Фејсбук пишува дека изминува последниот месец од владеењето на оваа ненародна и штетна власт која и го донесе најголемото предавство на Македонија и македонскиот народ.
-Изминува последниот месец од владеењето на оваа ненародна и штетна власт која и го донесе најголемото предавство на Република Македонија и македонскиот народ.
Штетата е видлива насекаде, во сите сфери од секојдневниот живот на граѓаните како во здравството, образованието, инфраструктурата,штетните договори, економијата, странските инвестициите, земјоделството но и во секојдневните активности на граѓаните.
На сите нас ние јасно дека заминуваа оваа рекетарско профитерска власт која ја интересираат само фотелјита и парите на нивните сметки за да градат вили и возат скапи возила додека народот едвај крпи крај со крај.
Полека но сигурно чувството кај секој граѓанин на страв кој го практикува власта изчеснува а тоа е пред се поради јасната слика кај секој граѓанин дека доаѓа подобро утре со обновата на Македонија.
Почитувани граѓани,
Мерките кои беа предложени од Вмро Дпмне до власта се прифатени се со цел заштита на здравјето на граѓаните на самиот ден од Изборниот процес.
Ве повикуваме на масовна излезност и глас за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за да конечно Република Македонија ја водат професионалци во своите области кои можат да донесат што е можно поголем број на странски инвестиции, поголеми плати, пензии, субвенции во земјоделството,успех на Македонскиот спорт,изградба на нови автопати и стотици проекти за доброто на сите граѓани.
Доаѓа подобро утре за граѓаните на Сарај,
доаѓа обновата на Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.