Нови девет жртви на коронавирусот и уште над 190 заразени

Министерството за здравство информира во средата информираше дека во последните 24 часа се направени 1.391 тестирање од кои 193 се позитивни нови случаи на короанвирусот, а во истиот период се потврдени уште девет смртни исходи кај пациенти од Covid-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.482 бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469.

Повторно главниот град Скопје со 140 заразени е убедливо според бројот новозаразени, а по градови распоредот е следниот: Куманово-2, Дебар-1, Штип-6, Тетово-19, Струга-5, Велес-2, Охрид-11, Гостивар-4, Свети Николе-1, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје- 35, Куманово-1, Штип-6, Тетово-1, Струга-1, Гостивар-1, Валандово-1.

Починати се девет лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово и по еден пациент  од Тетово и од Охрид.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.

Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.