
На 17.06.2020 во 03:09 часот, бил пријавен пожар на улицата „Крушевска Република“ во Скопје, во фризерско студио сопственост на 32-годишниот С.Д. од селото Кондово.
Од огнот предизвикана била штета на фасадата од објектот и прозорите.
Пожарот самиот се изгаснал околу 03:15 часот, пред да пристигне екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.