На 16.06.2020 во 23:40 часот, И.П.(48) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22:20 часот во паркот во населбата Ѓорче Петров, неговиот 14 годишен син бил физички нападнат од В.Т.
Причина за нападот било недоразбирање кое настанало помеѓу синот на пријавителот и синот на В.Т.
Потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде му била констатирана тешка телесна повреда.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.