Наполи против Јувентус го освои Купот

ANSA/ETTORE FERRARI

Фудбалерите на Наполи по шести пат во својата историја се победници во италијанскиот куп, откако во срадата вечерта во Рим пред празните трибини на стадионот „Олимпико“ го совлада Јувентус со 4:2 со подобро изведување на пеналите.

Во триумфот на наполитанците удел имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз кој во мечот кој беше ориентиран повеќе на тактичко надмудрување доби шанса во 88 минута. Но Елмаз во втората минута од судиското продолжени е имаше колоснална шанса, но легендарниот голман на торинската „Стара дама“, Џанлуиџи Буфон, со двојна одбрана го сочува својот гол од налетот на македонскиот играч.

Натпреварот по 90-те минути заврши без погодоци, па победникот беше решен со ударите од белата точка.

Кај Јувентусот првите два изведувачи беа непрецизни. Ударот на Паоло Дибала го одбрани Алекс Мерет, додека шутирпа преку голот. Од другата страна Лоренцо Инзаги и Матео Политано беа прецизни, па Наполи поведе со 2:0.

За Јуве потоа погодија Леонардо Бонучи и Арон Ремзи, но тоа не беше доволно бидејќи Нокола Максимовиќ и Аркадиуш Милик беа прецизни за големото славеје на Наполи.

Единственото претходно финале на Копа Италија меѓу истите противници беше во 2012-та, а и тогаш победи Наполи со 2:0 со головите на Единстон Кавани и Марек Хамшик.

За Наполи ова е шестата титула во десетото финале, додека Јуневтус во 19-то финале го доживеа шестиот пораз останувајќи на рекордните 13 титули.

По завршувањето на Купот, продолжува Серија А, а првите натпревари на распоредот се оваа сабота.