Фудбалерите на Шалке ја продолжија серијата без лигашка победа на 14 натпревари, откако во дуелот од 32 коло од германското првенство загубија со 1:2 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.
Шалке последната победа во првенството ја оствари во 17-то коло против Борусија Менхенгледбах со 2:0, а оттогаш оствари шест нерешени средби и осум порази.
Ајнтрахт поведе со голот на Андре Силва во 28 минута, а на 2:0 зголеми Давид Абрахам во 50 минута. Девет минути подоцна надежите на гостите ги врати Вест Меккени, но во 77 минута Шалке остана со играч помалку откако беше исклучен Чан Боздоган. Гостите и со играч помалку се обидоа да извлечат барем бод, но поблиску беше Ајнтрахт, во самата завршница Силва имаше стопроцентна шанса за 3:1, но не беше прецизен.
Ајнтрахт со оваа победа го мина Шалке и сега е 9-ти со 41 боди, додека Шалке благодарејќи на големата бодовна залиха од првиот дел на сезоната и натаму останува на 39 бодови и е 10-ти.
Во последниот дуел во средата Мајнц го приреди изнедувањето на колото, совладувајќи ја со 2:0 на гости Борусија Дормунд која во вторникот по победата на Баерн ја загуби и теоретстката шанса за титулата, а гостите освоија важни бодови во борбата за опстанок. Гостите поведоа во 33 минута преку Џонатан Биркард, а Жан-Филип Матела од пенал во 49 минута го постави конечниот резултат.
Баерн Минхен веќе ја осигури осмата последователна титула со освоени 76 бодови на две кола до крајот, а Борусија Дортмунд остана на второто место со 66 бодови, но сега само три повеќе од третиот РБ Лајпциг и шест повеќе од Баер Леверкузен на четвртата позиција. Мајнц се искачи на 34 бодови шест повеќе од зонаа за директно испаѓање.
Лајпциг на домашен терен ја пропушти можноста за приближување до вицешампионската позиција откако одигра 2:2 со Фортуна Диследорф. Сите погодици на мечот беа постигнати во последните половина час од мечот. Домашните за три минути поведоа со 2:0, во 60 минута водството го донесе Кавен Кампл, а три минути подоцна погоди Тимо Вернер. Но и гостите во финишто направија „блиц криг“. Прво во 87 минута намали Стевен Скржибски а во втората минута од судиското продолжение израмни Андре Хофман. Фортуна сега има 29 бодови со кои е на 16-то место од кое игра плеј-оф за останок во лигата, а има само бод повеќе од претпоследниот Вердер од Бремен.
Баер Леверкузен со 3:1 го доби на домашен терен Келн. „Аптекарите“ поведоа во 7 минута а стрелец беше Свен Бендер, зголеми во 39 минута Каи Хаверц, за госите во50 минута намали Себастнија Борнаув, но Муса Диаби во 83 минута ги реши дилемите околу победникот.
Баер сега со 60 бодови е на четвртото место, последното кое следната сезон го носи во Лигата на шампионите, но и имаа само бод актива во однос на петтата Борусија Менхенгладбах. Келн е 13-ти со 35 бодови, и се чини го реши прашањот на својот опстанок во Бундеслигата зашто пред последните две кола има шест односно седум бодови од позициите кои водат во понизок ранг.
Со истиот резултат 3:1 славеше Хофенхајм но на гостински терен кај Аугсбург, во дуел кој се решавапе во последните половина час. Моанес Дабур со головите во 59 и 62 минута донесе согирно водство за гостите, но веќе во 69 минута надеќите на домашните им го врани погодокот на Рубен Варгас, а Ихлас Бебу во претпоследната минута ја потврди победата на гостите.
Аугсбург остана 14-ти со 35 бодови, додека Хофенхајм, сега е 7-ми со 46 бодови, колку што има ио шестиот Фолсбург.