![partizan zvezda rezultat](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/partizan-zvezda-rezultat.jpg?resize=696%2C455&ssl=1)
Коронавирусот во Црна Гора повторно го донесоа оние кои беа на фудбалското белградско дерби Партизан – Црвена звезда. Директорот на Клиничкиот центар на Црна Гора Јевто Ераковиќ изјави дека сите новорегистрирани случаи на коронавирус во земјата речиси сигурно се увезени.
Тој додаде дека е јасно дека оваа ситуација е предизвикана од заминувањето на црногорските граѓани на неодамнешното дерби Партизан-Црвена звезда во Белград, на кој имаше околу 20.000 гледачи.
Црна Гора на 24 мај се прогласи за земја без коронавирус, но вчера беа потврдени седум нови случаи и сега вкупно ги има девет. Ераковиќ очекува бројот на заразените да расте во наредните денови.