Каратистите од КК „Фунакоши Гичин“ меѓу најуспешните на балканското првенство

На балканското првенство што се одржа во Истанбул, Турција, на 14-ти и 15-ти овој месец,  каратистите на KK „Фунакоши Гичин“ освоиjа два медала- бронзен и златен и со тоа беше еден од поуспешните клубови во нашата репрезентација. Бронзен медал во кати освои Кристијан Бајовски , а  балкански прваци станаа Марко Бунтески, Бојан Манчевски и Александар Спасовски, во ката екипно за  родени 2002/2003г.

Ова е големо достигнување на овие млади каратисти од кои допрво се очекуваат големи успеси.Ако судењето беше малку покоректно,  целата репрезентација ке се вратеше со повеке медали и во друг сјај.

Tренинзите на КК „Фунакоши Гичин“ се одржуваат во ОУ “Круме Кепески“, општина Кисела Вода, со термини вторник – од 19.30 до 21.30 часот, четврток 19.30-21.30 часот и сабота од 18.00 до 20.00 часот. Тренинзите ги држат тренерите Стојан Андриевски – карате мајстор VI  дан и Мирослава Поповска- карате мастор IV  дан.