Трамп повторно се закани со прекинување на врските со Кина

Американскиот претедател Доналд Трамп за закани во четвртокот со прекинување на врските со Кина, алудирајќи на изјавата од претходниот ден на трговскиот претставник на САД, Роберт Лајтизер.

Тензиите меѓу САД и Кина повторно се зголеми, делумно и поради пандемијата на коронавирусот, откако американскиот претседател Доналд Трамп и другите највисоки функционери во Вашингтон последните месеци се упорни во обвинувањата дека Пекинг не бил транспарентен на почетокот од појавата на коронавирусот на неговата територија.

Претставници од неговата администрација, како и тој самиот, веруваат дека вирусот доаѓа од големата лабораторија во Вухан, во централната провинција Хубеи, од каде кон крајот на минатата година тргна ширењето на вирусот. Самиот Трамп во четвртокот за весникот The  Wall Street Journal рече дека е можно Кина намерно да го проширила вирусот надвор од своите граници за да ја дестабилизира светската економија.

Однисите меѓу Вашингтон и Пекинг се влошија оваа година и како продолжување на трговските спорови, американските санкции за кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei“, како и за законот за безбедност со кој е опфатена и автоновната кинеска област Хонгконг, поранешна британска колонија.

Да се прекинат сите врски со Кина е една од опциите за САД, вели во разговорот Трамп. „Не беше вина на амбасадорот Лајтизет (вчера во Комитетот) во тоа што можеби не бев јасен, но САД, секако, ја задржуваат политичката опција, под различни услови, да се урнат мостовите со Кина“, напиша на Twitter.

Уште во мај можеше да се насети натамошно влошување на односите, кога Трамп изјави дека не го интересира да разговара со кинескиот претседател Кси Џинпинг и притоа сугерирајќи дека би можел да ги прекине врските со Кина.

Трговскиот претставник на САД, Роберт Лајтизер, на сослушувањето во средата во Конгресот, рече дека прекинувањето на врските е „комплицирано прашање“. „Тоа беше опција многу години, но не мислам дека во овој момент би била разумна политичка одлука“, рече.