
Во дербито од 30-то коло на англиското фудбалско првенство Тотенхем и Манчестер Јунајтед одиграа без победбник 1:1.
„Спарси“ поведоа во 27 минута со голот на Стивен Бергвијн, а израмни за „Црвените ѓаволи“ Бруно Фернандеш во 81 минута од пенал кој го избори Пол Погба.
Ова беше четвртиот натпревар на Жозе Мурињо како менаџер на Тотенхем против некој од своите поранешни клубови и сѐ уште нема неодна победа. Против Манчестер Јунајтед има пораз и реми, а против Челзи два пораза.
Тотенхем е на осмото место со 42 бодоа, два повеќе од деветтиот Арсенал и три повеќе од десеттиот Барнли кои имаат и меч помалку. Манчестер Јунајтед е петти со 46 бодови а може да биде минат од шестиот Шефилд Јунајтед и седмиот Вулверхемптон кои имаат два односно три бода помалку со меч помалку.
Во вториот меч во петочната вечер Саутемптон го победи Норич Сити со 3:0 туркајќи го домашниот тим уште поблиску до втората лига. Головите за гостите ги постигнаа Даниел Ингс во 49, Стуарт Армстронг во 54 и Нејтан Редмонд во 79 минута.
Саутемптон моментално е 13-ти со 37 бодови, додека Норич е последни со 21 бода, шест помалку од зоната за останување во Премиер.
Елитната класа на островскиот фудбал по три месеца пауза продолжѓи во средата со заостанатите дуели од 28-то коло мешу Манчестер Сити и Арсенал (3:0) и Астон Вила и Шефилд Јунајтед (0:0).
Водечки е Ливерпул со 82 бода, дури 22 бода повеќе од Манчестер Сити на второто место, а трет е Лестер Сити со 53 бода.