Лекарка специјалист и медицинска сестра од Општа болница Кавадарци се новите случаи на КОВИД-19 во Тиквешијата.
Информацијата за МИА утрово ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центар за јавно здравје Кавадарци.
„Лекарката е без симптоми, додека медицинската сестра со средна клиничка слика се наоѓа на Инфективното одделение во Велес“, појасни Јовановски.