Вучиќ ќе се сретне со Трамп

Сропскиот претседател Александар Вучиќ в сабота ќе се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, јавува Њујорк тајмс.

Њујоршкиот весник наведува дека Вучиќ ќе се сретне со Трамп за време на посетата на Белата куќа, планирана во рамките на американската иницијатива да се постигне договор меѓу Србија и Косово.

Како што јавува Њујорк тајмс, претседателот на Србија во таа прилика ќе се сретне и со американскиот претставник на Белата куќа за дијалогот на Приштина и Белград Ричард Гренел.

Претходно неделава Њујорк тајмс, повикувајќи се на извори во американската дипломатија, напиша дека Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи склучиле таен договор меѓу Србија и Косово, зад грбот на Европската Унија, со посредување на Гренел.

Повикувајќи се на изјави на четворица поранешни американски функционери кои цитирале лица вклучен во преговорите, Тајмс напиша дека Вучиќ и Тачи постигнале таен договор за условите на идниот траен договор, вклучувајќи ја идејата за менување на границите.

Вучиќ допатува денес во дводневна посета на Москва, каде во текот на денот ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин. Тој утре ќе присуствува на воената парада по повод 75-годишнината на победата над фашизмот во Втората светска војна.