СЗО следната седмица очекува десет милиони заразени со коронавирусот

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави во средата дека очекува оти бројот на заразените со новиот коронавирус SARS-CoV-2, кој сега изнесува околу 9,3 милиони веќе следната седмица ќе достигне десет милиони лица.

Гебрејесус на прес-конференцијата рече дека ја поддржал одлуката на Саудиска Арабија да го забрани доаѓањето на аџиите од странство на годишниот хаџ за да се спречи ширењето на заразата на Covid-19.

„Во првиот месец од оваа пандемија, беа пријавени десет илјади случаи, а во текот на минатиот месец дојдоа потврди за повеќе од четири милиони“, рече Гебрејесус.

Рече дека СЗО сега им помага на многу држави во набавка на концентратор на кислород, уред кој помага за зајакнување на протокот на кислород која заболените од Covid-19. „Побарувачката ја надминува понудата“, додаде.

Др Мајк Рајан, шеф на ЗСО овие програми за вонредни состојби, рече дека пандемијата во многу земји на американскиот континент сѐ уште не го достигнала пикот, како и дека „сѐ уште е интензивна“, посебно во Средна и Јужна Америка.

„Би рекол дека состојбата сѐ уште се развива и сѐ уште не го достигнала врвот, како и дека веројатно следните седмици нема да паѓа бројот на заразите и смртните случаи“, реле Рајан.

Во многу земји од овој регион минатата седмица е забележано зголемување на случаите на зараза од 25 до 50 отсто, додаде Рајан.