
Во денешното издание на дебатната емисија на „Телевизија 24” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на ИЕ2 на претстојните парламентарни избори, Владо Мисајловски. Тој ги праша Лукаревска и Адеми кои се 230 километри изградени автопатишта, бидејќи изборната кампања се темели на такво тврдење. Лукаревска и Адеми го избегнаа одговорот на тоа прашање.
“Ве молам наведете ми каде се изградени тие 230 километри автопат? Одговорете ми обајцата, бидејќи и едниот и другиот сте во владата. Нема такво нешто, затоа молчите. Такво нешто не постои и затоа не го залажувајте народот. Ништо од тоа не е ниту започнато, ниту изградено”, вели Мисајловски.