
Министерството за здравство информираше во четвртокот дека во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, од кои позитивни на коронавирусот SARS-CoV-2 биле 153, а починати се шест лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.
Вкупната бројка дијагностицирани со инфекција од новиот коронавирус во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, од кои оздравеле 2.166 пациенти, а починати е 265, Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.
Новите случаи на Covid-19 се регистрирани во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.
Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни. Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.
Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).