И L’Oreal ги остранува „бело“ и „светло“ од својата козметика

Најголемиот светски произведувач на козметика, француската компанија „L’Oreal“ ќе ги острани од своите производи за корекција на тенот изразите кои изначуваат белење како што се „бело“ и „светло“, соопшти во петокот портпаролката на компанијата, ден откако тоа го стори и компанијата „Unilever“, попуштајќи на критиките на социјалните мрежи за наводно расистички изрази.

„Групацијата L’Оreal ја разбира оправданата загриженост за зборовите кои се користат за опис на продукцијата за изедначување на тенот на кожата, и донесе одлука да ги отстрани зборовите бело/белење, светло/осветлување од сите производи“, се истакнува во соопштението на компанијата.

И „Unilever“ и „L’Oreal“ се меѓу најголемите играчи на глобалниот пазар на креми за белење на кожата кои се користат во многу азиски, африкански и карипски земки, каде што локалното население светлата кожа ја смета за попожелна. Француската компанија има крама под називот „Garnier Skin Naturals White Complete Multi Action Fairness Cream.“

Компанијата „Unilever“ беше особено изложена на критиките поради својот бренд „Светла и убава“, во периодот на светскиот фокус на расните неправди по повеќенеделните протести предизвикани откако во САД на 25-ти мај бел полицаец го усмрти афроамериканецот Џорџ Флојд.

Американската компанија „Johnson & Johnson“ отиде и чекор подалеку, објавувајќи дека ќе го запре продавањето на кремите за белеење на лицето кои се продаваат во Азија и на Блискиот исток, како брендовите „Neutrogena“ и „Clean & Clear“, креми кои се користат за добивање посветол тен на кожата.

Претходно во контекстот на протестите на движењето „Црните животи се важни“ (Black Lives Matter), групацијата „Quaker Oats“ во чијашто сопственост е компанијата „PepsiCo“, објави дека го променува називот и изгледот на брендот на смесата за палачинки и јаворов сируп „Тетка Џемајма“ (Aunt Jemima). Компанијата призна дека потеклото на „Тетка Џемајма“ било „засновано на расен стереотип“ и вети дека ќе го промени брендот како дел од својата активност во контекстот на остварување расна еднаквост. Логотипот на 131-годишниот бренд прокажува афроамериканка, како што пишува весникот The New York Times, чиј портрет е насликан од поранешни црни робови.