Николоски отиде на штандот на СДСМ и порача: Народот ќе ве казни на избори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската лизта во Изборна единица 4, Александар Николоски, денеска е во посета на општина Прилеп и прилепско на средба со граѓаните.

При прошетка со граѓаните Николоски го посети штандот на СДСМ каде што се сретна со актуелниот министер за транспорт и врски владејачката партија, Горан Сугарески, при што Николоски и  порача на СДСМ и Сугарески дека народот ќе ги казни за сите неправди и понижувања направени изминатите три години.