Одговорите на Заев за „тајните средби“ побиени, трет ден молк од „Бихаќка“

Тврдењата на Заев дека во Грција патувал за да има средби со своите колеги од грчките збратимени општини како одговор на информациите на „Дневник“ за сомнителни патувања на социјалдемократскиот лидер кај јужниот сосед се покажаа како неточно. Имено, две од три општини кои Заев ги наведе како десетинации на неговите патувања веќе одамна не постојат. Општината Панорама е укината пред четири години, а општината Аксиос во 2011 е припоена кон солунската перфектура Делта.

Со ова се потврдија тезите на политичкит аналитичари дека Заев и СДСМ имаа блед и недоволно аргументиран демант на инфомации на „Дневник“. И покрај ова, Заев и СДСМ, трет ден молчат и не нудат докази со кои би ги побиле наводите на весникот.

Од друга страна, се погласни се прашањата зошто Заев, кој во свој посед има „ауди“ вредно 80.000 евра, пеш ја минувал македонско – грчката граница. Покрај тоа, јавноста с обидува да најде одговор на тоа кој е човекот што го чекал Заев од другата страна на границата, со кого Заев имал средби токму пред важни настани за спорот за името.

Аналитичари прашуваат дали можеби Заев во Грција се среќавал „со повисоки од надвор“ односно истите оние лице за кои Заев пишувал во пораките до претседателот на ДПА, Мендух Тачи и за кои зборувал пред сопартијците дека ја има нивната поддршка. И ако тие се лицата со кои се среќавал Заев што им ветувал или што сторил за да добие нивната наклонетост.

Се поставува прашањето дали можеби обидот за продуцирање политичка криза со непризнавање на резултатите и бојкотот на парламентот, проект што доколку продолжи речиси сигурно ќе резултира со одземање на препораката за старт на преговори со Европската Унија е проект што Заев го одработува за Грците.

Во јавноста се зборува и за ветувања за финансии што Заев би ги добил за неговата партија, која се соочува со финансиски потешкотии или пак монтирани материјали кои би ги искористил во битката на домашната политичка сцена.

Дополнително, грчките власти кои речиси секогаш одговараат преку грчките медиуми и на најмали теми сега владее молк.

Од другата страна, пак, познати се попустливите ставови на Заев околу спорот за името. Јавноста се уште ја памети неговата изјава дека во случајот за името „треба да се свитка кичмата“. Но, дали Заев имал средби во Грција „за да ја свитка кичмата“ останува нејасно.

На крајот се поставува прашањето, дали со ова Грците конечно најдоа партнер со кого ќе може да договорат промена на името на
Република Македонија. Познато е дека тие претходно му нудеа неодоливи понуди на Љубомир Фрчковски за да помогне во промена на името. Дали сега Заев ја прифатил понудата даде претходно на Фрчковски?