Филипче: Не е време да се отворат градинките

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега не е време да се отворат градинките, со оглед на тоа што секојдневно имаме голем број новозаразени пациенти со Ковид-19.

Во однос на веќе спроведениот скрининг на вработените во градинките, Филипче рече дека во тој момент имало услови градинките да бидат отворени, а скринингот се направил со цел да се заштитат децата.

-Сепак, потоа почна да расте бројот на новозаболени, поради што не е возможно да се отворат градинките. Засега тешко е да се каже тајмингот за отворање, но во еден момент тоа ќе се случи, но не знаеме кога, рече Филипче.