
Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев денес на 29.06.2020 оствари средба со граѓаните од Шуто Оризари со претставници на ромските организации заради промоција на изборен спот и постери.
Тој ги информираше граѓаните, дека во соработка со ДИК и ОБСЕ, министерството за внатрешни работи најригорозно ќе ги санкционира сите оние активности кои што ќе бидат превземени во насока на поткуп на гласачи, на заплашување, на уцени и на било каква манипулација со гласовите на граѓаните на Македонија.
Целата изјава на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, можете да ја слушнете во продолжение.