
Кај тројца лекари од одделот за итна медицинска помош во Универзитескиот клинички центар во Марибор во понеделникот е утврдена зараза со новиот коронавирус, пренесуваат во вторникот словеничките медиуми.
Денеска продолжува обемното откривање на нивните контакти и тестирањата на вработените во болницата, и се бара изворот на заразата.
Како што пишува мариборскиот дневен весник Večer, засега за осум лица е одредена мерката самоизолација. Изврешен е 31 тест и 29 биле негатовини на кронавирусот, додека сѐ уште се чека на уште два наода.
Сѐ уште не е познато со колку пациенти заразените лекари биле во конакт, а повеќе информации се најавени за подоцна во текот на денот.