Мисајловски: Граѓаните се задоволни од програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Средбите со ѓорчепетровци секогаш ме исполнуваат на еден поинаков начин, бидејќи можам да разговарам за проблемите во населеното место од каде што доаѓам.

Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски го посетивме населеното место Дексион во месноста Јурија, општина Ѓорче Петров. Бевме срдечно пречекани и поразговаравме со жителите за нивните очекувања по победата на ВМРО-ДПМНЕ на 15-ти јули.

Велат дека изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ги опфаќа сите слоеви на општеството и токму поради тоа ќе ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ.

Им посакав добро здравје и да се видиме веднаш по победата, кога ќе зборуваме за нови проекти во овој дел на Ѓорче Петров. Ѓорче Петров одбира обнова!