Пирло се враќа, Алегри конечно заминува од Јувентус

Еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња, 41-годишниот Андреа Пирло се враќа во Јувентус како тренер, позиција од која конечно е ослободен Масимилијано Алегри, кому му истече договорот кој го врзуваше со торинската „Стара дама“.

Како што пренесува во вторникот Sky Italia, Андреа Пирло ќе го преземе местото тренер на екипата на Јувентус до 23 години, а веќе е познат и неговиот помошник кој му е и близок пријател Роберто Барони.

Пирло тренерската лиценца ја доби кон крајот на 2018 години, но досега очекуваше вистинска понуда.

Пирло играше за Бреша од 1994 до 1998 и во 2001 година, во Интер во 1998 и во 2000 година, а во 1999 година за Реџина во 1999 и 2000 и во Милан од 2011 година, за во дресот на Јувентус мина четири сезони.

Истовремено во вторникот беше објавено дека еден од најдобрите италикански тренери во моментов, Масимилиано Алегри, е слободе да бара нов клуб откако му истече договорот со Јувентус.

Иако Алегри го напушти Јувентус ланскиот мај, кога беше заменет со Маурицио Сари, сепак имаше уште една години од договорот со торинскиот клуб. За целиот овој период 52-годишниот Алегри редовно земаше плата, а доколку преземеше друг клуб или доколку Јуве му го раскинеше договорот, ќе му беа исплатени седум милиони евра.

Алегри од 2014 до 2019 година го предводеше Јувентус до пет титули во Серија А, четири национални Купови, сите Суперкупови на Италија и играше во два финални меча во Лигата на шампионите. Токму поразите во дуелите за шампионската титула во Европа беа пресудни за неговото заминување од Јувентус.

Медиумите пишуваат дека Алегри интензивно го учи англискиот јазик, а интерес за негово ангажирање пројавуваат Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Пари Сен Жермен.