Мицкоски до Заев: Земјиштето што слушнавме дека Дака ви го дал да не е во Швајцарија?

Во разговорите се слуша дека Дака давал пари, дека се барани пари за референдум или што веќе не, зборувате за земјиште, а тука се негирате, му рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Зоран Заев на телевизиската дебата на телевизија 24.

Мицкоски барајќи одговор од Заев рече: Спомнувате многу работи, навредувате, земјиштето што слушнавме дека Дака ви го дал да не е во Швајцарија?