
Турскиот министер за надворешни работ Ахмет Давутоглу изјави дека на Турција засега не и потребна помошта на НАТО поради опасност по својата безбедност во врска со кризата во Ирак и ги отфрли обвиненијата дека има било каква поврзаност со терористички организации.
– Моментно Турција не е изложена на ризик, нагласи Давутоглу синоќа по средбата со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер во Истанбул.
Тој уште еднаш ги отфрли тврдењата дека Турција има врски со терористички организации, вклучувајќи ја и џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Левантот, која минатата недела киднапира 80 турски државјани во ирачкиот град Мосул.
– Турција не го поддржува тероризмот. Немаме никакви директнии индиректни контакти со која било терористичка организација. Наша главна одговорност во овој момент е да ја спречиме војната во Ирак, додаде шефот на турската дипломатија.
Во меѓувреме, турскиот вицепремиер Булент Аранч изјви дека Анкара нема индикации дека ИДИЛ планира напади против Турција.
Претходно медиумите објавиле дека ИДИЛ упатила закана до Турција дека подготвува големи напади во земјата, а најмногу во Истанбул.
– Секој може да каже што сака, но јас тврдам дека нема никакви индикации дека оваа организација се насочила кон Турција со такви амбиции. Вие сепак знаете дека ваквите групи сакаат да вршат пропаганда и да создаваат атмосфера на паника, објасни Аранч на прес-конференција, но сепак не ги исклучи ризиците за безбедноста на државата.