Започнува процедурата за набавка на поливалентни вакцини

На првата седница на новоизбраната Влада е донесена одлука за започнување на  процедурата за набавка на поливалентните вакцини.

-Тие се дел од нашите изборни ветувања и веднаш на првата владина седница вчера веќе ги донесовме потребните одлуки. Вакцините ќе помогнат затоа што ќе се намали бројот на боцкање на деца до 2 годишна возраст од 13 на седум. Ќе се намали бројот на сите компликации што понекогаш се јавуваат при вакцинирањето, ќе се намали бројот на одење на лекар, односно земање на времето на лекарите кое може за друго нешто да го искористат. Ќе биде од голема корист за сите, истакна Груевски.

За набавката на овие вакцини, како што посочи премиерот, државата ќе вложи 380 милони денари, а истите треба да пристигнат во вториот квартал следната г