
Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата ќе биде изградба на автопати, експресни патишта, железничко поврзување со Бугарија и набавка на 5 нови патнички возови.
Клучни проекти во овој сектор ќе бидат изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проширување на патот Гостивар-Тетово со што би се добил современ автопат, изградба на автопат Прилеп-Битола и експресен пат до Меџитлија, довршување на експресните патишта Градско-Прилеп, експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш и др., соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително ќе се изработат проектните документации за автопатот Гостивар-Кичево, експресниот пат Струмица-Смоквица и автопат од Требеништа до Струга и др.
Во делот на железничката инфраструктура партијата предвидува отпочнување на изградбата на пругата Бељаковце-Крива Паланка-Деве Баир, но и набавка на 5 нови патнички возови и генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви.