
На 01.07.2020 во 09.15 часот било пријавено дека во Радовиш на бул.„Александар Македонски“, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(59) од с.Лакавица, удрило во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двете од Радовиш, информираат од МВР.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.