Белград прогласува вонредна состојба на две недели

Поради зголемениот број заразени со коронавирусот, Белград ќе прогласи вонредна состојба на најмалку две седмици, најавија во петокот градоначалникот на српската престолнина Зоран Радојчиќ и неговиот заменик Горан Весиќ.

Откако српскиот претседател Александат Вучиќ во четвртокот ноќта соопшти дека од петокот кон саботата по 23 часот ќе бидат затворени ноќните клубови, кафулињата и рестораните на сплавовите, се воведуваат казни за прекршителиет кои не носат маски во затворени простори и во јавниот сообраќај, а овие одлуки владата денеска и официјално треба да ги усвои.

Вучиќ додаде и дека, доколку тој се прашува, би го затворил и Белград и би вовел седумдневен полициски час имајќи го предвид големиот број новозаразени во главниот града. Градоначалникот на Белград, Радојчиќ, рече дека градскиот штаб денеска ќе прогласи вонредна ситуација во престолнината.

Како што пренесе РТС, ќе биде донесена одлука за три нови мерки: забрана за собирање на повеќе од 100 лица во затворен простор, со физичка оддалеченост на лицата од 1,5 метар, односно 500 лица на отворено, како и забрана за работа на ноќните клубови. Заменикот на белградскиот градоначалник Весиќ за ТВ Прва рече дека вонредната состојба во главниот град на Србија ќе трае најмалку две седмици, што „дава можност да се ограничат некои права“.

Вонредната состојба порди зголемен број зарази со коронавирусот претходно е прогалсен и во Нови Пазар, Врање, Крагуевац, Ивањица и Тутин.

Најавата на Вучиќ за затворање на сите студентски домови во Белград поттикна во четвртокот вечерта протести на повеќе од илјада студенти од неколку домови, кои се собраа пред Скупштината на Србија во центарот на градот.

Студентите, кои протестираа до доцна во ноќта, бараа да се поништи одлуката за затворање на домовите и на студентите кои се заразени со коронавирусот да им се овозможи допполнителен рок за полагање на испитите. Од министерот за образование, Младен Шарчевиќ, бараа да дојде на нивниот протест и да ги исполни тие барања, и најавија дека во спротивно протестите ќе бидат радикализирани.

Вучиќ, исто така, оцено дека Белград „моментално е најголемиот епидемиолошки проблем во Србија“, бидејќи „со 22,7 отсто од вкупниот број население во земјата, има 82,5 отсто до вкупниот број заразени“.

Србија од 16-ти јуни, а особено по изборите одржани на 21-ви јуни, бележи континуиран раст на бројот на новозаразените на дневно ниво. Така, според официјалната статистика, на 17-ти јуни се регистрирани 76 заразени, а само во текот на оваа седмица бележеше во средата 272 а во четвртокот 359 новозаразени.

Вкупно во србија од почетокот на епидемијата на 6-ти март се регистрирани 15.195 заболени и 287 починати.