
Борусија Дортмунд успеа да доведе во своите редови уште еден млад англиски фудбалер, играчот од средниот ред на Бирмингем Сити, Џад Белингам кој пред само неколку дена го прослави 17-от роденден.
Како што пишува во петокот реномираниот лондонски дневен весник The Times, Белингам потпишал петгодишен договор со Борусија, а вредноста на трансферот се проценува на 23 милиони евра. Официјалната потврда на трансферот од двата клуба се очекува наскоро.
Билингам сезонава на 16-годишна возрат стана стандарден првотимец на второлигашот Бирмингем Сити. Во својата прва сениорска сезона одигра 38 натпревари на коишто постигна четири погодоци, а за него беа заинтересирани англиските великани Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи.
Меѓутоа, очигледно е дека Борусија е попривлечна за младите играчи, а тоа најдобро го покажа примерот со младиот англиски репрезентативец Џејдон Санчо кој во Дормунд дојде исто така со 17 години, а последните две сезони ја искористи дадената шанса и стана еден од најдобрите крилни напаѓачи во Европа.