Дваесет и двегодишниот М.М. од Скопје доби кривична поради извршени три тешки кражби.
Тој кражбите ги извршил во периодот од 10.03.2014 до 09.04.2014 година, во барака на подрачје на Карпош, обид во куќа во Ѓорче Петров и во стан на подрачје на Центар, на тој начин што со употреба на погоден алат како и со физичка сила делувал на влезните врати и прозорците, при што одзел разновиден накит и рачен алат стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 68.000 денари.
На пријавениот му е изречена мерка притвор во трање од осум дена.