13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Заев: Конечно е обновен мостот на реката Вардар, кај Удово

Фејсбук објава на претесдателот на СДСМ, Зоран Заев

„Конечно е реконструиран и обновен мостот на реката Вардар, кај населеното место Удово. Тој е многу значајна точка во поврзувањето на југоисточниот дел со остатокот од државата. Мостот сега е побезбеден, пофункционален и обезбедува побрз сообраќај.

Додека СДСМ е посветена на обнова на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на обнова на режимот. Додека СДСМ гради и обновува мостови на соработка и поврзување, ВМРО-ДПМНЕ гради ѕидови на поделби и изолација“.