Алабама и уште шест американски сојузни држави забележаа рекорден пораст на бројот на случаите на зараза со коронавирусот во петокот, додека најнаселениот округ во Флорида воведе полциски час во пресрет на Денот на независноста, а Арканзас воведе задолжително носење маски во јавноста.
Сверна Каролина, Јужна Каролина, Тенеси, Алјаска, Мисури, Ајдахо и Алабама забележале нов голем дневен пораст на сличаи на Covid-19. Тексас гостигна нови рекорд во хоспитализирани случа, а лекарите повикуваат на „целосно затворање“ на државта за да може ширењето на вирусот да биде ставено под контрола.
Дневниот број случаи на коронаинфекции во САД во петокот ноќта кон саботата изнесуваше 53.482, што е под рекордната бројка од 55.405 заразени ден претходно. Меѓутоа, и покрај скокот на заразените, просечниот број на дневно починати од Covid—19 во САД бележи постепен пад последните седмици, што е одраз на раст на позитивните тестови меѓу младите, лицата со општа подобра здравствена состојба кај кои поретки се леталните исходи од болеста.
Послениот скок на заболените, главно во јужните и западниет држави, ги загрижи здравствените власти кои повикуват на внимателност во пресрет на одбележувањето на најголемото празнивање Денот на независноста.
Во Северна Каролона се хоспитализирани 951 лице и регистрирани се вкупно 2.099 нови случаи на заразата, што се рекордно високи бројки за оваа држава. Бил Сафо, градоначалник на Вилмингтон, во оваа сојузна држава, изјави дека големиот број случаи на зараза се поврзани со големите собири и предвиде натамошен скок по празничниот викенд, бидејќи луѓето не ги почитуваат насоките за социјално дистанцирање и носење маски.
„Знаме дека ќе има ширење. Знаеме дека за околу две седмици ќе имаме скок од викендот на 4-ти јули“, рече Сафо за CNN.
Случаите на зараза со коронавирусот растат во 37 од 50-те сојузни држави, вклучително и во Флорида која имаше во петокот 9.488 новозаразени, соопшти министерството за здравство на оваа сојузна држава. Ден претходно беа забележано рекордни 10.109 случаи.
Градоначалникот на округот Мајам Дејд, Карлоз Гименез, во петокот на неодредено време воведе ноќен полицисчки час и го суспендираше повторното отворање на казината и стриптиз-клубовите, како и другите објекти за забава. Претходно Мајами Дејди и соседниот округ Борувард, двата најнаселени округа на Флорида, побараа од граѓаните да носат маски насекаде во јавноста.
Гувернерот на Арканзас, Аса Хатчинсон, ги овласти во петокот градските власти да донесат уредби за носење маск, доколки се решат на ваквата мерка, и така стана последниот републикански гувернер кој попушти под притисоците за оваа мерка.
Тоа дојде ден откако гувернерот на Тексас, Грег Абот, нареди носење маски на повеќе јавни простори, променивајќи го ставот по загрижувачкиот раст на заразените во државата, која во петокот забележа 7.652 хоспитализирани пациенти.
Лекарот Оваис Дурани, од Универзитетската болница во Сан Антонио, рече дека речиси сите пациенти кои доаѓаат на одделите за итна помош се позитивни на Covid-19, дури и оние коишто се примени поради други неврзани причини, како што е на пример инфекција на жолчкаѕа.
„Ние, според мене, мораме потполно да се затвориме и тогаш и натаму ќе бележиме раст на овие бројки две или три седмици,а потоа можеби ќе тргне на подобрување“, реле Дурани.