
Во последниот саботен натпревар од 33-то коло на англиското фудбалско првенство Челзи со 3:0 беше убедлив на свој терен против Вотфорд.
Стрелци за лондонските „Сини“ беа Оливие Жиру во 28 минута, Вилиан во 43 минута реализираше пенал, а во втората минута од судиското продолжение на натпреварот конечниот резултат го постави Рос Баркли.
Челзи останува на четвертата позиција со 57 бодови, со два бода предност пред петтиот Манчестер Јунајтед, кој претјодно го совлада Борнмут со 5:2. Вотфорд со 28 бодови е 17-ти, со еден бод повеќе од местата кои водат во втората лига на кои се Астон Вила и Борнмут, а седум повеќе од последниот Норич.
Од Премиер лигата директен пласман во групната фаза на Лигата на шампионите изборуваат првите четири екипи, но второпласираниот Манчестер Сити се соочува со можно суспендирање од учество во европските натпреварувања, бидејќи арбитражната комисија на УЕФА за финансиска контрола на 14-ти февраури донесе одлука за суспендирање на „Граѓаните“ од меѓународните натпреварувања поради нарушувања на финансискиот фер-плеј од 2012 до 2016 година. Сити ја оспори одлуката во Судот за арбитража во спортот (CAS), кој треба да ја донесе одлуката подоцна во јули.
Фудбалерите на Вулверхемптон на домашен терен загубија од Арсенал со 0:2, и си ги намалија шансите за пласман во Лигата на шампионите, додека Арсенал го продолжи победничкиот од со три последователни првенствени победи и пласман во полуфиналето од ФА Купот.
Арсенал поведе преку крилниот напаѓач 18-годишниот Букај Сака во 43 минута со одличен волеј удар, а победата ја потврди Александер Лаказет во 86 минута.
Вулверхемтон остана на шестото место со 52 бода, сега пет помалку од петтиот Челзи, но Арсенал како седми ја намали разлилаката на само три бода.
Манчестер Јунајтед во саботата ја впиша третата победа во низа, откако на својот „Олд Трафорд“ го совлада Борнмут со 5:2.
Гостите поведоа во 15 минута благодарарејќи на одличниот потег на Жуниор Станислас, кој покрај корнер-линијата низ нозете му ја провре топката на најскапиот стопер на светот Хари Мегваер и речиси од мртов агол ја погоди домашната мрежа. Но набрзо следеше пресврт и до крајот на првото полувреме Јунајтед постигна три погодока. Прво во 29 минута погоди 18-годишниот Мејсон Гринвуд, потоа Маркус Рашфорд од пенал во 35 минута, и Антони Мартиал во втората минута од судиското продолжение, со одличен удар од 18 метри. Гостите накусо ја вратија неизвесноста кога Џошуа Кинг во 49 минута погоди од пенал за 2:3. Но надежите кусо траеја па Гривуд во 54 минута со вториот погодок ги однесе „Црвените ѓаволи“ повторно на „плус два“ а Бруно Фернандеш во 59 минута од слободен удар погоди за конечните 5:2.
Манчестер Јунајтед има сега 55 бодови и е на петтата позиција, додека Борнмут остана со 27 бодови на претпоследното 19-то, неколку бодови зад местата кои обезбедуваат опстанок во Премиер лигата.
Лестер по неколкуте разорувачки настапи дома со 3:0 го совлада Кристал Палас зацврстувајќи се на третото место. Стрелци беа Џејми Варди во 77 и четвртата минута од судиското продолжение, а резултатот го отвори Келеши Иханача во 49 минута. Кристал Палас е безбеден со 42 бодови на 13-то место.
Лестер сега е има 58 бодови, осум помалку со меч повеќе зад второпласираниот Манчестер Сити и 26 зад првиот Ливепрпул.
Во првиот саботен натпревар со голот на Леонардо Тросард во 25 минута, Брајтон со 1:0 на гости го совлада последниот Норич и освои важби бодови во борбата за опстанок. Сега има 36 бодови, и е на 15-то место, или осум бодови повеќе од опасната зона на пет кола пред крајот на првенството.