Мотоциклист тешко повреден по удар во ограда и автомобил

Половина час по полноќ изминатата ноќ 23-годишен мотоциклист во Куманово загубил контрола врз мотоциклот, по што удрил во заштитна ограда а потоа и во паркиран автомобил, по што со тешки повреди е пренесен на скопскиот клинички комплекс.

На 05.07.2020 околу 00,40 часот на улицата „Пиринска Македонија“ во Куманово се случила сообраќајна незгода во која Д.Г. од Куманово, управувајќи моторцикл „априлја“ со дебарски регистарски ознаки изгубил контрола над моторциклот, излетал од коловозот и удрил во железно-бетонска ограда а потоа удрил во паркирано патничко моторно возило “пежо“ со кумановски регистарски ознаки, информираат од МВР.

По незгодата на Д.Г. му биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош бил  пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид е извршен од страна на екипа од СВР Куманово а за настанот е запознает и јавен обвинител.