
Во 16 часот е пријавено дека избувнал пожар пред влезот во старата битолска чаршија.
Во моментов неколку екипи на територијалната против пожарна единица се на терен и се обидуваат да ги локализираат пламените јазици.
Вчера Битола беше зафатена од силно невреме кое предизвика и поплави. Поплавени се куќи, подруми и канцеларии.
Засега нема информации за причините за пожарот, а од првичниот увид предизвикана е голема материјална штета, пренесе ТВ21.