Тачи се закани со војна ако во идната влада нема Албанци

Влада без Албанци не може да има, таков потег може да доведе само до војна, изјави лидерот на ДПА – Мендух Тачи, во интервју во емисијата „Изборни дебати“, пренесува „ТВ21“.

Тачи го обвини лидерот на ДУИ дека е манипулатор кој провоцира одредена ситуација:

-Али Ахмети вели дека се партија за интеграција, а 20 години наназад е националистичка партија. Тој е прав манипулатор кој провоцира одредена ситуација, рече Тачи.