
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителите на листи ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети фабриката Конти во Гевгелија при што е предвидено да биде дадена изјава за медиуми во 14:00 часот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Дојран во 17:00 часот, во 18:00 часот општина Богданци, општина Валандово, 20:30 часот општина Гевгелија.
Носител на ИЕ1 проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, во 12:30 часот средба со ОБСЕ преку платформата Zoom. Во 14:00 часот трибина Еднакви права и можности за жените во политиката, локација Парк Жена борец.
Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе даде изјава во 13:00 часот на Главна улица до пазарот во општина Шуто Оризари.
Носител на ИЕ3, Игор Јанушев во 10:00 часот ќе го посети градскиот пазар во општина Пробиштип, по посетата предвидена е изјава за медиуми.
Во 14:00 часот ќе оствари средба со пензионери во пензионерски дом и по средбата ќе даде изјава за медиуми.
Во 15:00 часот ќе оствари средба со граѓани во Злетово, и по средбата предвидена е изјава за медиуми.
Носител на ИЕ4, Александар Николоски, средба со граѓаните во општина Дојран во 17:00 часот, во 18:00 часот општина Богданци, општина Валандово, 20:30 часот општина Гевгелија.
Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, средба во Рекорд Гостивар со Фуркан Чако и Ајдоган Демири, при што е предвидено да биде дадено изјава за медиуми во 12:45 часот.
Презентација на програмата во Градски парк спроти кафе бар People во Гостивар, при што е предвидено да биде дадена изјава за медиуми во 17:45 часот.