
Потврдениот број на заразени лица со коронавирусот во САД надмина три милиона, а сѐ повеќе сојузни држави бележат рекордни бројки новозаразени, додека Флорида се соочува со недостиг од болнички кревети на одделите за интензивна нега, пренесува во средата Reuters.
Сојузните држави Калифорнија, Хаваи, Ајдахо, Мисуир, Монтана, Оклахома и Тексас во вторникот забележале рекорден број новозаразени, со најголем раст во двете најголем американски држави, Тексас и Калифорнија, со повеќе од 10.000 нови случари во еден ден. Само во Тексас бројот на хоспитализираните пациенти во последните две седмици се зголемил за повеќе од двојно.
Поради ширењето на заразата сѐ повеќе Американци се тестираат на болеста Covid-19, па во градските области на Флорида, Луизијана и Тексас се отворени нови дополнителни пунктови за тестирање.
На Флорида е особено сериозна ситуацијата со болничките кревети на одделите за интензивна нега, откако повеќе од 40 болници во 25 до вкупно 67-те окрузи известија дека капацитеите им се максимално исполнети. Во вторникот во оваа држава на располагање беа само 17 отсто од 6.010 болнички кревети на интензивна нега за возрасни.
Бројот на заразените е во пораст во 42 сојузни држава, а со коронавирусот е погоден речиси секој стоти Американец.
Од тешката респораторна болест Covid-19 предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2, во САД досега починаа повеќе од 131.000 луѓе, а само во вторникот беа ресгирстирани 923 смртни исходи.
Институтот за метрика и процени во здравството (IHME) при Универзитетот Вашингтон предвидува дека бројот на починатие до 1-ви ноември, доколку на есен епидемијата се разгори, би можел да достигне до 208.000 луѓе.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој го заговара покренувањето на економијата и ги повикува Американците да се вратат на вообичаената животна рутина, во вторникот рече дека ппо прашањето за почетокот на наставата есенва неговата влада ќе врши притисок врз гувернерите на сојузните држави да ги отворат училиштата. Такви најави има и во Европа, поради дилемата околу ефикасноста на ткн учење на далечина, особено за одредени возрасти и класови. Трамп појасни дека некои сакаат да ги остават училиштата затворени од политички причини, но дека тоа нема да се случи.