Кастекс вети 7,5 милијарди евра за вработените во француските болници

Новиот француски премиер Жан Кастекс изјави во вторникот вечерта дека неговата влада ќе издвои 7,5 милијарди евра за зголемување на платите на болничкиот персонал.

„Инсистирав работните места да бидат во центарот на разговорите“, напиша Кастекс на Twitter по преговорите на синдикатите, болничкиот персонал и владата, кој започнаа пред реконстукрцијата на владата на претседателот Емануел Макрон во понеделникот.

Иако Франција го има еден од најдобрите здравствени системи во светот, болничкио персонал бараше повеже пари, работни места и опрема во последните десет годни за да може што подобро да одговори на потребите на стареењето на населението и недостигот од лекари во градовите.

Епидемијата на коронавирусот уште повеќе го оптовари францускиот болнички систем, а болниците беа на работ на преоптоварување на почетокот од годинава.