Холивудскиот актер 57-годишниот Џони Деп негираше во вторникот на суд во Лондон дека има проблеми со контролата на гневот, на првиот ден од судењето по неговата тужба за клевета против британски таблоид кој го нарече „тепач на жени“.
Деп изјавил дека понекогаш го изразува гневот со деструктивно однесувње, но дека тоа не значи оти има проблеми со контрола на бесот.
„Јас и се смеам, но нема проблеми со контрола на смеењето“, го цитира Sky News зборовите на актерот.
Џони Деп и неговата поранешна 34-годишна партнерика Амбер Херд фотографирани се како одвоено доаѓаат на судот, а се очекува дека ќе сведочат и други филмски ѕвезди во текот на судењето коешто ќе трае три седмици.
Адвокатите на Деп изјавија дека актерот ги тужел издавачот на таблоидот The Sun и изврешниот уредник поради текст објавен во 2018 година, во кој Деп во насловот се опишува како „тепач на жени“. Весникот подоцна ја отстранил фразата „тепач на жени“ и го промениле насловот на интернетското издание на текстот, додадоа неговите адвокати.
Според Sky News, адвокатите рекле дека Деп сака со судската постапка да си го заштити угледот. Тие пренесуваат дека ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ рекла оти Херд „ги измислила овие приказни за сериозно насилство“ и ја обвинил дека била „злоставувачка“ во нивниот однос.
„Не верувам дека сум арогантен, манипулатор и личност којашто сака да контролира“, рекол Деп, кој се разијде со Херд во 2016 година.
Адвокатскиот тим на таблоидот тврди дека описот на Дип како тепач на жени „потполно е точен и вистинит“ и дека ќе докажат дека ја тепал поранешната партнерка нанесувајќи ѝ повреди и предизвикувајќи кај неа страв за животот.
Се очекува дека искази ќе дадат уште две поранешни партнерки на Деп, актерките Ванеса Паради и Винона Рајдер.