
На 25 и 26 јуни, во Скопје ќе се одржи Меѓународниот фестивал на филмски сценарија “Скрипт фест 2014“.
Фестивалот ќе се одржува во Културниот центар “Феникс“, а ќе започне во 10 часот. Фестивалот “Скрипт фест“ го организира Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија Презент“ од Скопје.
Овој традиционален фестивал годинава се одржува трет пат.
На фестивалот Скрипт фест ќе бидат прикажани повеќе краткометражни и документарни филмови, а ќе биде организирана и промоција на филмски изданија од Нишкиот културен центар и издавачките куќи “Феникс“ и “Маска“ од Скопје.